Манасков по феноменалната партија со порака до „душманите“: Некои луѓе сакаат да не успееш!

258
0

Дејан Манасков после пауза од 202 дена се врати на терените. Македонскиот репрезентативец се здоби со најтешката операција, но сето тоа го остави зад себе и со стил го најави својот кам-бек.

Тој постигна еден гол против Алборг во четвртфиналето во Лигата на шампиони, а додека вчера блескаше во дресот на Веспрем, со десет гола мечот во унгарскиот шампионат го заврши како прв стрелец.

По оваа средба Манасков имаше кратка порака, се чини до „душманите“: Некои луѓе не сакаат да успееш. Разочарај ги.

ПретходноПред двете Куп-финалиња, кадетите ќе играат во чест на Марко Божиновски!
СледноГостивар се мобилизира за Пелистер, време е да се разбуди и Еуро Никел!