Фудбалерите на Милан со два гола во второто полувреме, славеа против Аталанта со 2:0 во натпреварот од 37. коло во италијанската Серија А. Оваа победа за „росонерите“ е чекор до нова шампионска титула.
Милан последен пат го освои Скудетото во 2011 година, но сега е многу блиску по долги години повторно да стане шампион на Италија. На момците на Пиоли за титулата им беа потребни најмалку четири бода во последните две кола, а по победата над Аталанта им останува да освојат само уште еден бод на гостувањето кај Сасуоло и да почнат да го слават Скудетото.
Моментот на одлука денеск апротив Аталанта беше во 56. минута. Резервистот Месијас, кој влезе во почетокот на вториот дел, испрати одлична топка, Рафаел Леао му побегна на голманот и погоди за 1-0. Тео Ернандез со неверојатен продор во 75. минута погоди за 2:0 со што му го трасираше патот на Милан до титулата.