Навивачите на Атлетико (М) се збогуваа со Луис Суарез

508

Атлетико (М) вечерва на средбата со Севиља практично го потврди заминувањето на уругвајскиот голгетер Луис Суарез.

По завршувањето на дуелот, официјалниот спикер ги замоли навивачите да останат уште малку на стадионот за да се простат од искусниот уругвајски напаѓач.

Диего Симеоне, како што вети, му даде минутажа за достојно да се прости од навивачите со кои имаше одличен однос изминативе две сезони.

Суарез дојде од Барселона во Атлетико во 2020 година. Неговото доведување се покажа како одличен потег и Атлетико ја освои титулата.

Претходно„Комити“ вечерва ќе слават со ракометарите, најавија пречек пред сала!
СледноДончиќ и Далас го понижија Феникс среде Аризона и обезбедија финале на Западот