Супер атмосфера на Чаир, со денови оваа скопска населба е на нозе. Денешниот ден се чекаше 21 години, токму толку време е минато откако Чаир ја прослави својата трета титула, а денеска ќе ја добие четвртата.
Секако дека прво треба да се одигра дербито со “пандевци“, па потоа ќе има доделување на пехарот. Секако, на Чаир има околу 6.000 гледачи.