Вардар 1961 го подигна 15. пехар во Купот на Македонија. Избраниците на Давид Дејвис уште еднаш покажаа зошто се најдобри во Македонија и зошто долго време е македонска гордост на европска сцена. Оние две титули во Лигата на шампиони не се бадијала, а за да се стигне на тронот потребни е карактер, нешто што „црвено-црните“ момци го поседуваат во неограничени количини.
Ова беше втора лекција од ракометарите на Вардар до противникот Е.Пелистер, за титула треба борба до последната секунда, треба да се има срце…