Готово е. Се спушти завесата на сезоната 2021/22 во ПМФЛ и тоа со одигрување на сите шест мечеви од 33.коло. На Чаир, во шампионска атмосфера, Шкупи покажа кој е кој. Со 3:0 успеа да ја надигра втората А. Пандев. Пред околу 7.000 гледачи двоен стрелец беше Трапановски, а третиот беше дело на Абази.
Скопје со неверојатни 4:1 си ја згази Брегалница. Одличен настап на „пиратите“. Јаневски со два гола, Десниќ и Игњатов просто го уништија тимот од Штип.
Работнички очекувано, успеа да го победи Пелистер и тоа со 2:1 и тоа со головите на Тодоровски и Станковски, додека стрелец за гостите беше Ричков.
Ренова сепак е пресилна за Борец, попладнево во Велес екипата од Тетово со 1:5 успеа да го совлада домашниот состав.
Интересе финиш во Струга. Немаше голови речиси 90 минути за да потоа Илиески за домашните и Рамадани за гостите постигнаа по еден гол за конечни 1:1.
Тиквеш во Кавадарци со 2:1, и тоа со пресврт успеа да дојде до три бода. Водеа гостите од Ѓорче, но следуваа головите на Љамчевски и Христов за победа на момците на Влатко Костов.
РЕЗУЛТАТИ – 33.КОЛО
БОРЕЦ – РЕНОВА 1:5
(Ибрахимовиќ 36.,/ Абдула 15., Кахримановиќ 28., Селмани 45., Шефити 53., Јусуфи 60.)
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 4:1
(Јаневски 9., 40., Десниќ 42.,Игњатов 51., Ацковски 80.)
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 2:1
(Тодоровски 53., Станковски 62./Ричков 83.)
ШКУПИ – А.ПАНДЕВ 3:0
(Трапановски 41., 45., Абази 67.)
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1:1
(Илиески 90./Рамадани 90.)
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1
(Љамчевски (п) 51.Христов 90+1/, Купер 20.)