ПОЛУВРЕМЕ: Е.Пелистер има четири гола предност против Вардар

140

Очекувано, финалето во Купот на Македонија ќе биде решено по голема драма. Во салата „Јасмин“ е жешко, дополнителен притисок прават двете навивачки групи, кои по пет минути игра го прекинаа дуелот. „Комити“ влегоа, „Чкембари“ веднаш се испровоцираа, сакаа да влезат на терен, ама брзо беа спречени.

Две различни лица, бранителот добро тргна, но битолчани не се откажаа со неверојатна серија приредија пресврт, па на полувремето водат со 8-12.

Вардар 1961 сепак успеа прв  да го тргне притисокот, по 4-4 со серија од три гола, два на Талески и еден на Георгиевски и Додиќ поведе со 8-4 во 18 минута. Ова беше период во кој Е.Пелистер целосно падна, немаше реализација, иако пак Секељи беше добар на голот.

Но, улогите се променија на теренот. Откако Вардар не искористи напад за плус пет, Е.пелистер приреди целосен пресврт. Ојлески, Павлетиќ, Граџан, Маџовски, Радовиќ, Обрадовиќ и Костески со шест гола во низа го донесоа најголемото водство од три гола 8-12 беше во 29. минута. На другата страна избраниците на Давид Дејвис 12. минути беа без постигнат гол, а одбраната беше целосно разнишана, противникот лесно доаѓаше до мрежата.

На одморот битолчани водат со 8-12.

ПретходноПрекин во Гостивар: Илиевски погоден со тврд предмет, Еуро Никел славеше против ТФТ
СледноМилан слави против Аталанта: „Росонерите“ се на бод до Скудетото (ВИДЕО)