По завршување на мечот меѓу Волфсбург и Баерн Минхен се потврди големиот трансфер кој не чека ова лето.
По завршување на мечот тој отиде кај навивачите и се поздрави со нив. Искусниот напаѓач не можеше да ги сокрие емоциите, пушти и по некоја солза.
За „Скај“ порача дека нема да го продолжи договорот со Баварците, кој му истекува во 2023 година.
„Нема да потпишам нов договор. Треба да најдеме најдобро решение за двете страни. Им кажав на клубот, ако дојде понуда треба да размислиме добро“, изјави Лева.
Левандовски од Баерн си оди со 21 освоен трофеј, со бројни признанија.