Екипата на Бадел 1862 поведе со 2-0 во финалето од плеј-оф серијата во женскиот шампионат, откако со една неверојатна последна четвртина, направи пресврт и стигна до минимален триумф против Баскет Кам 2011 од 68-69.
„Баделки“ се вратија по негатива од 18 поени разлика. Баскет Кам 2011 водеше со недостижни 65:47, пред Бадел 1862 да постигне 19 поени во низа.
Кризата, односно празните минути на домашниот тим, со тројка ја прекина Алексиќ за предност на домашната страна (68:66) на 45 секунди. Во следниот напад Кметовска постигна кош по офанзивен скок за ново израмнување (68:68), откако Тасевска не реализираше за Баскет Кам 2011, повторно Кметовска со едно слободно погодено фрлање го врати Бадел 1862 во водство од (69:68).
Во последниот напад Пуљизовиќ не успеа да погоди и да му донесе победа на Баскет Кам 2011 кој сега се наоѓа на раб на пораз во финалето.
Трајчевска беше најдобар играч во победничката екипа со 24 поени, 10 скока и 5 асистенции. Кај Баскет Кам 2011 каде беше видливо неиграњето на повредената Јелена Антиќ, најефикасна беше Тасевска со 20 поени, а Пуљизовиќ оствари 18 поени и 12 скока.