Салах одговори на најважното прашање!

415

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах потврди дека за две недели ќе игра во финалето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид, иако се повреди на дуелот против Челзи во ФА Купот. Кон крајот на првото полувреме се урна на теренот поради проблем со препоните, не можеше да го продолжи мечот, па веднаш беше заменет.

Неизвесноста траеше до крајот на мечот кој Ливерпул го победи после пенали, а Салах им порача на навивачите дека не треба да се грижат.

„Дали ќе играм финале во Лигата на шампиони: Секако“, изјави Салах, кој пред четири години исто против Реал Мадрид ја напушти средбата по грубиот статр на Серхио Рамос.

Дуелот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе се игра на 28. мај во Париз, премиер-лигашот ќе може да го врати трофејот кој го зема пред три години.

ПретходноВо ПСЖ конечно „пресекоа“, падна одлука за Донарума и Навас
СледноЌе испаднат од лига, а против Барса го приредија најголемото изненадување во историјата!