Готово е, се знаат учесниците во бараж натпреварите за пласман во ПМФЛ. Откако вчера се одиграа и последните мечеви во двете втори лиги, познато е дека Воска Спорт од западот и Беласица од истокот ќе играат во баражот, а таму се веќе Тиквеш и Победа како “прволигаши“.
Ждрепката ќе се одржи во вторник во просториите на ФФМ а мечевите се играат следниот викенд, поточно во недела (22 мај).
Ждрепката нема да биде диригирана, па Тиквеш на пример би можел да се падне со Воска а Скопје со Беласица, или обратно.
Победниците од тие два меча ќе играат во ПМФЛ следната сезона, а поразените во единствената втора лига. Таму, во ВМФЛ, се веќе Борец, Пелистер, Вардар, Гостивар, Тетекс, Беса, Охрид, Слога (В), Каменица Саса, Кожуф, Детонит, Пехчево. Се очекуваат и двете екипи од третата лига за да се дојде до 16 клубови кои ќе ја сочинуваат единствената втора лига за следната сезона.