Фантастично: Чурлинов беше дел од акцијата по која падна голот на сезоната! (ВИДЕО)

545

Дарко Чурлинов и неговиот Шалке, во последниот меч од 2.Бундеслига победија на гости кај Нирнберг со 1:2. Секако дека Македонецот беше еден од најдобрите кај победничкиот тим, а беше и дел од акцијата по која падна веројатно голот на сезоната. Имено прво Чурлинов на својата половина му ја додаде топката на неговиот соиграч Залазар, а овој од исто својата половина, од околу 65 метри успеа да го лобува домашниот голман и да го постигне голот на сезоната.

Фантастично…

Ова беше гол за 0:1 за Шалке во 15.минута.

ПретходноНа Чаир “ВРИЕ“, по завршување на дербито Шкупи ќе го добие пехарот! (ВИДЕО)
СледноПо неверојатен пресврт Бадел 1861 се најде на победа до титулата