Ќе испаднат од лига, а против Барса го приредија најголемото изненадување во историјата!

358

Барселона вечерва сосема неочекувано одигра реми против Антекуера. Овој тим на домашен терен успеа да украде бод против каталонскиот гигант за најголемо изненадување во историјата на АСОБАЛ-лигата.

Овој тим е последен на табелата во шпанскиот шампионат, па токму затоа резултатот е неочекуван и покрај тоа што во составот ги немаше Варгас, Мем, Циндриќ, Фабрегас…како и тренерот Ортега.

Но историјата вели дека Барселона и порано имала вакво искуство. Во 2004 година била поразена од Академиа со 25-24 на гостински терен, исто од тим кој се наоѓал на последното место на табелата.

ПретходноСалах одговори на најважното прашање!
СледноГолман ја пласираше својата земја високо на Евровизија!