Мурињо не очајуваше по ремито: Лигата на конференции е поважна од скудетото!

201

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо не очајуваше многу по ремито против Венеција, кое го доведе во прашање пласманот во европските натпреварувања следната сезона, за него освојувањето на Лигата на конференциите е приоритет.

Мурињо знае дека Рома сигурно ќе игра ЛЕ следната сезона доколку го победи Фенорд за десетина дена во Тирана, па не жали многу за загубените два бода против „фенерџијата“.

„Им благодариме на навивачите. Тие уште еднаш покажаа дека се семејство. Начинот на кој секогаш треба да им се заблагодариме е да дадеме се од себе на теренот, што го направивме вечерва. На крајот, ако го освоиме трофејот, ќе кажам дека е заслужено, но тој успех повеќе оди на сметка на навивачите“, изјави Мурињо додавајќи дека доколку Милан или Интер го освојат Скудетото, тоа ќе биде поради навивачите.

Тој подвлече дека Рома има навистина верни навивачи и дека сега фокусот е на освојување на ЛК.

„Јасно е дека во одредени моменти се мачевме бидејќи имаме многу играчи кои се борат за повреди. Сега сме фокусирани на финалето“, заклучи Мурињо, чиј тим три дена подоцна ќе гостува во Торино пред патувањето во Тирана.

ПретходноНови македонски рекорди во маратон за Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски
СледноТиквеш, Скопје, Воска, Беласица…ја чекаат ждрепката за баражот во вторник!