Атлетико (М) вечерва на средбата со Севиља практично го потврди заминувањето на уругвајскиот голгетер Луис Суарез.
По завршувањето на дуелот, официјалниот спикер ги замоли навивачите да останат уште малку на стадионот за да се простат од искусниот уругвајски напаѓач.
Диего Симеоне, како што вети, му даде минутажа за достојно да се прости од навивачите со кои имаше одличен однос изминативе две сезони.
Суарез дојде од Барселона во Атлетико во 2020 година. Неговото доведување се покажа како одличен потег и Атлетико ја освои титулата.
‘Thank you Lucho for making us champions’
Atlético fans said goodbye to Luis Suárez after the club announced he would be leaving this summer ❤️ pic.twitter.com/RZhtp8oXrh
— B/R Football (@brfootball) May 15, 2022