Нови македонски рекорди во маратон за Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски

112
Македонските претставници на денешниот маратон во Копенхаген, Данска, Андријана Поп Арсова односно Дарио Ивановски поставија нови државни рекорди во оваа дисциплина. Дарио денес оствари резултат од 2:18:12 (досегашниот рекорд изнесуваше 2:21:27), а да биде среќата поголема, нашиот претставник денеска слави роденден.
Поп Арсова пак постигна резултат од 2:35:29 (досегашниот рекорд изнесуваше 2:40:36).
И обајцата натпреваруачи на 2 октомври ќе бидат дел од скопскиот маратон на кој ќе се обидат уште еднаш да ги подобрат своите времиња и тоа пред домашна публика.
ПретходноМакедонија У15 подобра од Црна Гора
СледноМурињо не очајуваше по ремито: Лигата на конференции е поважна од скудетото!