Денеска во салата „Јасмин“ во Кавадарци се игра завршницата во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Пред стартот на двата финални дуели, ќе се одигра ревијален натпревар во чест на Марко Божиновски. Во чест на младиот ракометар, кој почина на 20-годишна возраст, ќе се сретнат кадетската репрезентација на Македонија и тимот на Бутел Скопје, кој е шампион во оваа конкуренција сезонава, мечот е закажан со почеток во 14 часот.
Божиновски го напушти овој свет прерано, но неговиот лик ќе живее долго време. Формирана е фондација „Марко Божиновски“ која ќе им помага на младите спортисти. Пред сé на тие кои се таленти, а немаат можности да инвестираат во развој на својата кариера.