Човекот кој со прекрасен гол во последните моменти го реши денешното куп-финале во Кавадарци, Филип Талески, по средбата го прокоментира дуелот во салата „Јасмин“.
„Овој меч го реши карактерот и името – Вардар. Вардар 5-6 години покажува дека има голем карактер. И кога губи не се откажува до последната секунда. Тоа го покажавме и денеска. Водевме 4 разлика, па ни направија серија од 8:0 што не е дозволиво, меѓутоа во второто полувреме имавме негатива од 5 гола разлика, верувавме, победата ни беше во глава и на крај пресуди карактерот на Вардар и поголемата желба. честитки за Е. Пелистер, но мислам дека тие немаа некој ракометар кој во клучните моменти ќе преземе одговорност“, смета Талески.