Чаир “грми“: Шампиони, шампиони…пехарот за најдобриот, за Шкупи!(ФОТОГАЛЕРИЈА)

998

И официјално Шкупи е новиот првак на Македонија. Имено по завршување на дербито со А. Пандев, следуваше официјална церемонија на која претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини им го предаде шампионскиот пехар на фудбалерите на Шкупи.

Секако дека на Чаир цело попладне атмосферата беше шампионска, а истата кулминираше откако беше доделен и трофејот на новиот првак.

Се разбира потоа следуваше голема прослава на момците на стратегот Гоце Седлоски, кои заедно со трофејот и тоа како имаа зошто да се радуваат заедно со своите фанови кои го преплавија теренот на стадионот на Чаир уште еднаш покажувајќи колку им значи овој успех.

Апсолутно заслужено, Шкупи е најдобриот тим во сезоната 2021/22 во нашата елитна фудбалска лига.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноПрекин на финалето во Кавадарци: Влегоа „Комити“, „Чкембари“ за малку ќе влезеа на терен (ВИДЕО)
СледноПрекин во Гостивар: Илиевски погоден со тврд предмет, Еуро Никел славеше против ТФТ