Роберт Левандвоски додека продолжува да го притиска Баерн Минхен да го продаде ова лето, во меѓувреме добил нова понуда.
Според последните информации, Челзи би сакал да го доведе во своите редови, Томас Тухел би бил среќен, но за да се случи тоа новата управа ќе мора да го реши статусот на Ромелу Лукаку.
Англиските медиуми пишуваат дека Челзи ќе има тешка задача, бидејќи полскиот напаѓач има вербален договор со Барселона, поради која веќе го одби ПСЖ.
Левандовски веќе зборувал со Чави, му се допаѓа идејата да биде дел од новиот проект на каталонскиот гигант.
Сепак Челзи нема да се откаже лесно, ќе се обиде да го убеди, а истовремено за брзо време да се ослободи од Лукаку.