У15: Победа против Црна Гора на турнирот „Влатко Марковиќ“

118

Младата репрезентација на Македонија до 15 години во последниот натпревар од меѓународниот турнир Влатко Марковиќ славеше победа со минимални 3:2 над селекцијата на Црна Гора.

Македонија и Црна Гора одиграа одличен натпревар, отворен од самиот старт, со многу борбена игра и неколку пресврти.

Македонија одлично влезе во натпреварот, успеа во 15. минута да го отвори резултатот. Хисар Али постигна извонреден гол од слободен удар.

Противникот го  израмни резултатот на 1:1 пет минути подоцна. Во 54. минута Црна Гора направи комплетен пресврт и поведе со 2:1.

Избраниците на селекторот Дашмир Беари само две минути подоцна стигнаа до израмнување. Стрелец на погодокот беше Беркај Шаини.

Гол за победа на Македонија постигна Хисар Али во 69. минута. За фудбалерот на Македонија ова беше втор погодок на средбата.

ПретходноЧоло не „мрда“ од Мадрид: Не се секирајте, ќе ме гледате и следната сезона
СледноГостивар со осуда на вчерашните настани на мечот со Пелистер