Харис Факиќ, некогаш наш познат фудбалер а сега исто така познат менаџер, би можел наскоро да стане спортски директор во тимот на Партизани Тирана, еден од најдобрите клубови во Албанија, барем така најавуваат медиумите во таа земја. Да потсетиме дека Факиќ долго време е во Скендербег, тој е и еден од менаџерите на овој клуб, но сега неколку фудбалери кои тој ги застапувал биле пред трансфер во Партизани, а раководството на овој клуб го сакало и самиот Факиќ да им се придружи.
Сега на потег е самиот Факиќ.