Диего Симеоне најави дека и ова лето нема да го напушти Атлетико.
„Тука нема што да се каже. Не грижете се – ќе бидам тука како и секогаш“, им рекол Симеоне на новинарите по вчерашниот меч од претпоследното коло во Ла Лига.
Во Шпанија се шпекулира дека Аргентинецот ќе си замине и мадридскиот клуб се подготвува з аново тренерско решение. Сепак, управата на Атлетико не била во контакт со ниту еден тренер, што значи дека клубот му верува на Симеоне и го гледа како тренер и за следната сезона.
Атлетико оваа сезона не успеа да ја одбрани титулата, но избори пласман во Лигата на шампионите. Симеоне е дел од „јорганџиите“ од 2011 година. Под негово водство клубот досега освои 8 трофеи.