Женското куп финале ќе го суди Марија Конеска

964

Младата и перспективна судивка Марија Конеска од Прилеп ке ја дели правдата на финалето на купот за жени што ќе се одигра в среда на 18 мај на комплексот Петар Милошевски во Скопје, со почеток од 16:00 часот. На него ќе се сретнат екипите на Каменица Саса односно АСС Јунајтед.

Помошници ќе бидат Ангела Домазетоска од Битола како и Тамара Цветановиќ од Скопје. Четврти судија ќе биде Ангела Рајческа исто така од Скопје.

Ова ќе биде одлична шанса за младите делителки на правдата да добијат уште едно драгоцено искуство повеќе, кое ќе им служи за во иднина како на домашна, а зошто да не и на интернационална сцена.

 

ПретходноЦедевита и Црвена Звезда ќе играат мајсторка за финале
СледноКлоп: Не сме фаворити во финалето против Реал Мадрид