По повод се она што вчера се случуваше во Гостивар, на мечот меѓу истоимениот тим и Пелистер, кога дојде и до голем инцидент, комесарот на КФСМ Александар Милојевиќ имаше полно раце работа.
Па така тој денеска регираше и им изрече парични казни и суспензии на клубовите, тренерите на двете екипи, како и на дел од играчите на двете екипи.
Гостивар се казнува парично по неколку основи, и тоа поради слаба организација, фрлање тврди предмети врз теренот по кој бепше погоден гостинскиот тренер Марјан Илиевски.
За ова Гостивар се казнува и со играње на два меча без публика.
Тренерот на домашните Димитриески е казнет со еден натпревар.
И КК Пелистер е казнет по неколку основи, како и дел од неговите играчи парично. Додека тренерот Илиевски е суспендиран на еден натпревар како и со парчина казна од 24.000 денари.
Во продолжение можете да ги видите сите санкции со кои се санкционирани актерите на вчерашниот инцидент во Гостивар.