По се она што вчера се случуваше на средбата меѓу Гостивар и Пелистер, во меч од нашата кошаркарска елита, утринава со соопштение излезе раководството на КК Гостивар.
Потоа следуваше и соопштение и на КК Пелистер, кое ви го презентираме во целост…
„Кошаркарскиот клуб- Пелистер чувствува потреба да ја изнесе во јавноста ситуацијата која ја затекнавме на натпреварот од осмото коло на Суперлигата 2021/22 против Гостивар.
Нашиот клуб ја поздравува исполнетоста на спортската сала „Младост“ во Гостивар и кошаркарскиот амбиент со кој секогаш се среќаваме кога гостуваме во овој кошаркарски град.
Вистинско задоволство е да се игра во таков амбиент и веруваме дека така ќе биде и во иднина.
По постојаните непристојни провокации, вулгарни дофрлувања, фрлања на предмети од трибините во текот на целиот натпревар и дополнително на тоа неспортски провокации од клупата и кошаркарите на Гостивар кон нашите кошаркари, во финишот од натпреварот се случи ескалација на зовриената атмосфера и немилиот настан ескалира.
Нашата екипа беше класично нападната од сите страни, гаѓани со секаков вид на тврди предмети и во тој хаос секоја се снаоѓаше како знае и умее. За жал најмногу настрада тренерот на екипата Марјан Илиевски, кој беше погоден со тврд предмет во главата.
Делителите на правдата максимално професионално ја изменаџираа и тоа како деликатната ситуација, за која што ние како клуб максимално дадовме поддршка, а се во интерес на кошарката, се овозможија услови натпреварот да продолжи.
КК Пелистер најостро го осудува секој вид на ваков тип инциденти и вакво неспортско навивање со постојано фрлање предмети на теренот и лично заканување кон кошаркарите од страна на публиката.
Се надеваме дека во иднина вакви ситуации нема да се случуваат и вистинските љубители на кошарката ќе уживаат во преостанатиот дел од возбудливото првенство на Македонија.
Мартин Јовановски-
Спортски Директор на КК Пелистер