„Комјунити Шилд“ купот ова лето нема да се игра на „Вембли“!?

181

Натпреварот од „Комјунити Шилд“ купот со кој стандардно на „Вембли“ почнува секоја сезона во Англија, ова лето нема да се игра на националниот стадион во Лондон. Според последните информации, поради одржувањето на Европското првенство за жени во Англија, на 31 јули кога е планирано одигрувањето на овој Суперкуп меч во кој ќе се сретнат Манчестер Сити и Ливерпул, нема можност да се искористи „Вембли“ како место на кое ќе се сретнат лутите ривали.

Според информациите во англискиот печат, стадионот „Кинг Пауер“ на Лестер Сити, „Еланд Роуд“ на Лидс Јунајтед, „Вила Парк“ на Астон Вила и „Емирати“ на Арсенал се кандидати за домаќини на натпреварот. Најновите извештаи сугерираат дека стадионот на Лестер е фаворит за домаќин на „Комјунити Шилд“ купот.

ПретходноМбапе е најдобриот фудбалер во Лига 1 за тековната сезона
СледноРеал (М) нема дилеми: Мбапе е договорен, се чека само потпис на договорот