Милан е на чекор до освојување на титулата во Серија А. Долго време фановите на овој клуб го чекаат пехарот, сега им останува само последниот чекор.
Златан Ибрахимовиќ знае и тоа како да ја подгрее атмосферата со своите лудости и еуфорични радувања. Па така тој беше во преден план вчера и пред мечот и по него со Аталанта, кога Милан победи.
Швеѓанецот со балкански корени почна да удира по шофершајбната на клупскиот автобус поздравувајќи ги фановите и притоа таа пукна, што наиде на нервоза кај шоферот.
Сепак, тоа е Златан. Него никој не може да му се налути, посебно ако Милан ја освои титулата.
Zlatan "Bruce Banner" @Ibra_official
Rompe il vetro del pullmann con un paio di manate 😂pic.twitter.com/5ZjWCLzZVn
— Simone Cristao (@SimoneCristao) May 15, 2022