„Марка“: Дончиќ е најдобриот „изум“ на светската кошарка во 21. век

322

Кога Меџик и Бирд сакаа да се збогуваат, се појави Мајкл Џордан. Кога „Ер Џордан“ одлучи дека неговата хегемонија е завршена, Коби Брајант веќе растеше во најголема ѕвезда на НБА сцената. Кога Коби ја заврши својата магија, доминацијата отиде во рацете на Леброн Џејмс. „Кралот“ веќе ги задава последните удари, но НБА има нова ѕвезда – Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар сега и официјално е најдобриот „изум“ на светската кошарка во 21 век. Момчето кое ја освои НБА за само неколку сезони од неговото доаѓањ ево Далас, ја има моќта на кошарката во рацете, во главата, во срцето. И нема кој да го спречи.

„Се забавувам, а кога се забавувам играм подобро. Денеска целиот тим беше неверојатен, никогаш не сум видел таков настап на седми натпревар и тоа на гостински терен“, изјави Дончиќ на крајот на „мајсторката“ против Феникс во која неговиот тим за едно полувреме ги откажа домашните од желбата да го играат овој меч до крај.

Нова пречка за него и неговите момци од Далас е Голден Стејт.

ПретходноРеал (М) нема дилеми: Мбапе е договорен, се чека само потпис на договорот
СледноТешко на Тен Хаг: Тепачка на тренингот на Манчестер Ј.