Мбапе е најдобриот фудбалер во Лига 1 за тековната сезона

86

Килијан Мбапе е прогласен за најдобар играч во сезоната во француската Лига 1.

Напаѓачот ја доби наградата од Унијата на фудбалери на Франција (УНФП), победувајќи го во изборот Висам Бен Једер од Монако, Дмитри Паје (Олимпик Марсеј), Лукас Пакета (Лион) и Мартин Териер (Рен).

За најдобар тренер во тековната сезона беше прогласен  Бруно Женесио, кој е на чело на Рен.

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар голман во сезоната на Лига 1.

ПретходноАдеми е најтрофејниот играч на Динамо во историјата, Стефан втор најдобар асистент сезонава!
Следно„Комјунити Шилд“ купот ова лето нема да се игра на „Вембли“!?