Реал (М) нема дилеми: Мбапе е договорен, се чека само потпис на договорот

287

Реал Мадрид е сигурен во трансферот на Килијан Мбапе од ПСЖ ова лето. Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека во мадридскиот клуб сите се уверени дека напаѓачот ќе му се приклучи на тимот ова лето, иако ПСЖ се уште се обидува да го убеди Килијан да остане.

Според сите пишувања, Реал Мадрид усно се договорил со Мбапе за 5-годишен договор за 25 милиони евра годишно. Договорот предвидува и бонус за потпис од 100 милиони евра. Овој договор останува на сила и Реал Мадрид се надева дека наскоро ќе го документира.

Новинарот Фабрицио Романо потврдува дека „кралскиот клуб“ сега е пооптимист од кога било за преговорите со Французинот. Во изминатите неколку дена, двете страни се во постојан контакт, а исходот од комуникацијата е опишан како „позитивен“ – вклучително и за прашањето за „имиџ правата“.

Мбапе вчера најави дека ќе ја соопшти одлука за својата иднина во пресрет на собирот на француската репрезентација кој започнува на 28 мај.

Претходно„Комјунити Шилд“ купот ова лето нема да се игра на „Вембли“!?
Следно„Марка“: Дончиќ е најдобриот „изум“ на светската кошарка во 21. век