Судиската комсија при ФФМ направи анализа на судењето во последните кола во ПМФЛ и двете втори лиги. Од соопштението се гледа дека во најголема мерка судиите добри си ја завршиле својата работа. Единствени пропуст имало во Струга каде Шкендија како гостин против Струга ТЛ била оштетена зошто не и бил признат чист гол. Инаку мечот заврши без победник 1:1.
Во продолжение можете да го прочитате целиот извештај од Судиската комисија…
„Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 33. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Шкупи – ФК Академија Пандев одигран на 15.05.2022 година, анализирани се ситуациите 67. и 82. минута.
Главен судија: Игор Иванов; Помошни судии: Разме Бакрачески и Мартин Дејаноски;
67. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (нема офсајд позиција)
Во шеснаесетникот на Академија поточно пред голманскиот простор од 5,5 метри, играч од одбраната на Академија ја градеше топката, од зад грб играч од нападот на Шкупи му ја одзема топката и ја додаде до свој соиграч кој беше во иста линија со играчот што му ја додаде топката, а пред нив немаше нитуеден играч од одбраната на Академија и постигна гол. Исправна одлука на првиот помошен судија голот да се признае, бидејки играчот во момент на додавање на топката беше во линија со својот соиграч (нема офсајд позиција)
82. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Во шеснаесетникот на Шкупи играч од нападот на Академија додаде топка до свој соиграч странично од голот, на него стратуваше играч од одбраната на Шкупи и направи минимален контакт во пределот на потколененицата, од овој контакт играчот на Академија сакаше да исценира удар од 11 метри. Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, контактот беше минимален и немаше елементи за удар од 11 метри.
На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Македонија одигран на 15.05.2022 година, анализирани се ситуациите од 49. и 59. минута
Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;
49. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка од удар од агол во шеснаесетникот на Македонија, топката дојде до играч од нападот на Тиквеш, играч од одбраната на Македонија сакајќи да му ја избие топката реагираше невнимателно, ја промаши топката и го удри играчот. Исправна одлука на судијата, досуден удар од 11 метри без дисциплинска мерка.
59 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Не досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Тиквеш во шеснаесетникот на Македонија ја имаше топката во свој посед странично од голот, на него стартуваше и дојде до минимален контакт (со тело) со играч од одбраната на Македонија. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, контактот е минимален и недоволен за да се досуди удар од 11 метри.
На натпреварот ФК Струга Трим Љум – ФК Шкендија одигран на 15.05.2022 година, анализирани се ситуациите од 66. и 67. минута
Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев; Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев;
66. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Нема офсајд позиција)
Играч од нападот на Шкендија во шеснаесетникот на Струга додаде топка до свој соиграч, кој во моментот на додавање беше половина метри пред претпоследниот играч од одбраната на Струга и постигна гол. Погрешна одлука на вториот помошен судија што го поништи голот, бидејки играчот не беше во офсајд позиција во моментот на додавање.
67. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СУДИЈА (Не досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Струга ја имаше топката во свој посед во шеснаесетникот на Шкендија, дојде до минимален контакт со играч од одбраната на Шкендија и тој контакт играчот на Струга сакаше да го искористи да исценира удар од 11 метри. Исправна проценка на судијата, досуден индиректен слободен удар за Шкендија и жолт картон за симулација за играчот на Струга.
На останатите мечеви од 1 МФЛ немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа
Судиска анализа за 27. коло од ВТОРА МФЛ – ЗАПАД
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 27 коло на ВТОРА МФЛ – ЗАПАД и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Велешта – ФК Гостивар одигран на 14.05.2022 година, анализирана е ситуацијата од 52. минута.
Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Иван Танев и Кире Елбасановски;
52. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција)
Играч на Гостивар додава топка до свој соиграч кој во момент на додавање е пола метро позади предпоследниот играч од одбраната на Велешта, ја прима топката и постигнува гол. Исправна одлука на вториот помошен судија голот да не се признае, бидејки при примање на топката играчот на Гостивар се наоѓа во офсајд позиција.
На останатите мечеви од ВТОРА МФЛ – ЗАПАД немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 27. коло од ВТОРА МФЛ – ИСТОК
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 27. коло на ВТОРА МФЛ – ИСТОК и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Кожуф – ФК Беласица одигран на 14.05.2022 година, анализирани се ситуациите од 68. и 90+3 минута
Главен судија: Фатмир Бафто; Помошни судии: Зоран Ангелов и Владимир Митревски;
68. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Беласица во шеснаесетникот на Кожув ја имаше топка во свој посед и шутна кон голот и во истиот момент голманот на Кожуф направи невнимателен и со силен интензитет старт (со колено) во телото на играчот. Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за стартот на голманот.
90+3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Кожуф беше во посед на топката и влезе во шеснаесетникот на Беласица странично од голот, на него невнимателно стартуваше од позади грб (старт на нога) сакајки да избие топката играч од одбраната на Беласица и направи прекршок. Исправна одлука на главниот судија , досуден удар од 11 метри без дисциплинска мерка, стартот не беше ветувачка акција.
На останатите мечеви од ВТОРА ЛИГА – ИСТОК немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа.