Тешко на Тен Хаг: Тепачка на тренингот на Манчестер Ј.

748

И навивачите и фудбалерите на Манчестер Јунајтед едвај чекаат да заврши тековната сезона и потоа да притиснат „рестарт“ со доаѓањето на Ерик тен Хаг на кормилото на еден од најголемите европски фудбалски состави. Сепак, она што го очекува холандскиот стручњак во клупската база на „ѓаволите“ е вистински хаос.

Колку е алармантна ситуацијата најдобро покажува пишувањето на британските медиуми во текот на претходниот викенд. „Сан“ пренесува дека имало тепачка на тренингот на „црвените ѓаволи“, а тоа е доволен доказ колку се нервозни сите фудбалери, или затоа што едвај чекаат да одат на одмор или затоа што знаат дека ќе „летаат“ од клубот ова лето.

Имињата на двајцата фудбалери кои се степале на тренингот во петокот се чуваат во тајност, но беше објавено дека сигурно се првотимци, односно „ѕвезди на тимот“, објави авторитетниот „Скај“.

Клубот сака да ја смири ситуацијата и да се збогува со очајната сезона во која не освои ниту еден трофеј. Тен Хаг уште денеска ќе биде во базата на клубот и ќе почне со подготовка на новиот тим за следната сезона. Тој веќе им најави на фудбалерите дека ќе им го скрати одморот за две недели и порано ќе ги почнат подготовките за новата сезона. Колку ќе успее да го врати тимот на шампионски патеки, останува да се види од август.

Претходно„Марка“: Дончиќ е најдобриот „изум“ на светската кошарка во 21. век
СледноСПОРТМЕДИА ДОЗНАВА: ФК Вардар е “жртва“ на градежната мафија која „сонува“ нов комплекс во парк!?