ТИМ И ИГРАЧ НА 33.КОЛО: Блесок на Трапановски за крај

329

Кристијан Трапановски е играчот на 33.коло или последно во сезоната која вчера заврши. Офанзивецот на Шкупи вчера токму против својот поранешен клуб, А. Пандев, во дербито на колото, одигра блескаво и со два гола му помогна на својот Шкупи да дојде до нова и убедлива победа.

Од тимот на Шкупи во тимот на колото покрај Трапановски се и Маргвелашвили и Алварез. Ренова на гости беше убедлива кај Борец, постигна пет голови, па затоа тука се Селмани и Шефити. Скопје ја декласира Брегалница а во најдобри беа Јаневски и Десниќ. Струга ТЛ одигра одлично против Шкендија, а во идеалниот тим на колото се Талески и Илиески. Тука се и Љамчевски од Тиквеш и Тодоровски од Работнички.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

КРИСТИЈАН ТРАПАНОВСКИ

Тим: Шкупи

Роден: 14.08.1999 во Битола

Кариера: А.Пандев, Славија Прага, Татран, Подбрезова, А, Пандев, Шкупи

ПретходноФИНА го потврди новиот претседател на пливачката федерација на Македонија!
СледноДиви го донесе Вардар Неготино пред портите на Супер-лигата, па си замина!