Во меч кој траеше цели 2.5 часа, тимот на Цедевита Олимпија по едно одиграно продолжение успеа да слави над екипата на Црвена Звезда и на тој начин да се избори, за трет меч, воедно мајсторска за пласман во финалето од овогодинешното издание на АБА лигата.
Конечните 88:80 беа добиени по дополнителни пет минути игра, откако Црвена Звезда успеа некако да се извлече во регуларниот дел. Сепак, домаќинот беше во тој дел од натпреварот супериорен и не дозволи да биде совладан.