Црногорецот Анџелиќ и официјално е нов ракометар на Вардар

384

Божо Анџелиќ (30), е нов член на РК Вардар. Оваа вест ја потврди и самиот клуб кој на свој начин и го промовораше Црногорскиот ракометар. Тој настапува на местото среден бек а во Вардар доаѓа од Ференцварош (Унгарија). Со него Вардар потпиша ендогодишен договор со можност истиот да биде продолжен.

Станува збор за репрезентативец на Црна Гора, за која селекција има 60 настапи и постигнато повеќе од 100 голови.

Играше на последното ЕП и против Македонија кога даде 6 голови.

Анџелиќ е второто засилување на Вардар за следната сезона по ангажманот на Нејц Цехте.

ПретходноТоа е Лавот Адеми: Ристовски беше нападнат а Аријан жестоко го брани! (ВИДЕО)
СледноИ КК Пелистер со соопштение по повод немилите настани во Гостивар!