Ќатип Османи продолжува со Ренова!?

586

Како што неофицијално дознава „Спортмедиа“ по се изгледа дека Ќатип Османи, трофејниот тренер од Тетово и во наредната сезона ќе ја предводи екипата на Ренова. Имено иако популарниот Ќато имал понуди од клубови од Косово, имал и контакти со Шкендија за негово евентуално враќање, тој сепак одлучил да остане во редовите на “гипсарите“. Денеска се воделе завршните разговори меѓу него и раководството на Ренова, за утре останало само да се прецизираат деталите и ако има конечен договор, тогаш истиот и да се официјализира.

Инаку Османи во својата кариера во неколку наврати ја водеше Шкендија, на оваа екипа и донесе три шампионски титули. Беше тренер и на Шкупи, а сега во Ренова го “тера“ третиот мандат што се вели.

ПретходноЛевандовски веќе одбил еден клуб!
СледноФИНА го потврди новиот претседател на пливачката федерација на Македонија!