Бесарт Ибраими пред трансфер во Албанија!?

712

Бесарт Ибраими, досегашниот фудбалер на Ксанти, инаку наш најдобар стрелец во ПМФЛ во историјата, барем според порталлот „Infosport.мк“ е пред трансфер во Албанија, и тоа во Партизани Тирана, во еден од најголемите клубови во таа земја.

Да потсетиме дека Ибраими уште во времето кога играше во Шкендија се поврзуваше со Партизани Тирана, но никако не дојде до договор. Можеби сега е време, со оглед на тоа дека тој е слободен играч а на Партизани му треба голгетер. Интересно, ако Бесарт замине во Партизани, тој таму одново би играл заедно со Стенио Жуниор, со кого долго време играше во Шкендија.

Претходно“Лудиот“ Златан: Од радост ја пукна шофершајбната на клупскиот автобус! (ВИДЕО)
СледноДика Мем потпиша договор со Барселона до 2027 година