Познато е дека на 2 јуни во Разград, Македонија ќе и гостува на Бугарија во првиот меч од Лигата на Нации, инаку во јуни нашата селекција ќе одигра четири натпревари. Секако дека за нас најважно е гостувањето кај Бугарите, и од тој меч ќе зависат многу работи во нашата група во која се и селекциите на Грузија и Гибралтар.
Па така денеска селекторот на Бугарија, Јасен Петров го објави списокот на играчи на кои ќе смета за дуелот со Македонија.