Тоа е Лавот Адеми: Ристовски беше нападнат а Аријан жестоко го брани! (ВИДЕО)

15098

Вчера Динамо Загреб освои нова титула во Хрватска. Капитенот Аријан Адеми освои уште еден трофеј во својата рекордна колекција, но на гостувањето во Шибеник и тоа како беше „жешко“. Во еден момент еден домашен фудбалер жестоко го фаулираше Стефан Ристовски, следуваше и реакција на нашиот фудбалер по што дојде и до инцидент. Стефан беше нападнат, работите малку повеќе излегоа од контрола, во тој момент капитенот на Динамо, Аријан Адеми веднаш се вмеша во инцидентот и почна жестоко да го брани својот репрезентативен капитен.

Ете, тоа е Лавот Адеми…, иконата на Динамо. Така се почитува својот клупски соиграч, но и соиграч во репрезентацијата на Македонија.

ПретходноРаководството на Вардар го обвини Самсоненко за неуспехот!
СледноЦрногорецот Анџелиќ и официјално е нов ракометар на Вардар