Пливачката федерација на Македонија и официјално има нов претседател. Станува збор за Горан Стојановски, кој на оваа позиција дојде откако 33 клубови галсаа за промена на раководството заедно со првиот човек.
„Светската пливачка федерација ФИНА со писмо ја извести Националната пливачка федерација на Северна Македонија дека е направена промена со која е избришан поранешниот претседател и како нов е запишан г-дин Горан Стојановски – https://www.fina.org/members/national-federations?region=all&country=.
Воедно ФИНА го потврди изборот кој претходно го направија Олимпискиот комитет на Северна Македонија и 33 Пливачки клубови во Македонија“, се вели во известувањето на оваа федерација на официјалната страница.