Чурлинов како Александар Македонски

1100

Дарко Чурлинов и неговиот ти Шалке 94 направија кам бек во Бундеслигата. Големото славје на стадионот на овој легендарен германски клуб, беше огромно, а како што е тоа обичај, странските играчи не пропуштаат да ги развеат знамињата на земјите од каде што се. Згора на тоа навивачите на Шалке се збратимени со оние на Вардар, Комитите, па ете уште една причина нашиот репрезентативец гордо да го развиори знамето на Македонија.

И не само тоа, на оваа фотографија се гледа како го држи трофејот за освоеното место, кое личи на штит, па може слободно да се каже дека популарниот Даре наликува на големиот војсководец Александар Македонски.

 

ПретходноСампдорија ја „сотре“ Фиорентина (ВИДЕО)
СледноЦедевита и Црвена Звезда ќе играат мајсторка за финале