Адетунџи е “кралот“ на стрелците во ПМФЛ, по пауза од две децении имаме голгетер – странец!

331

Завчера и официјално заврши сезоната 2021/22 во ПМФЛ. Шкупи не само што ја освои титулата туку го има и првиот стрелец, “бомбардерот“ и тоа во името на фантастичниот напаѓач Сандеј Адетунџи.

Интеренационалецот од Нигерија успеа да постигне 20 голови, или четири повеќе од Мартин Мирчевски кој за А. Пандев ја одигра само есенската полусезона. На третото место се најде Ремзифаик Селмани (Ренова) со 15 голови, па потоа следуваат Ермедин Адем (Македонија ЃП) со 11, Марјан Алтипармаковски (Брегалница), Синдрит Гури (Шкендија) Љупче Дориев (Шкендија) со по 10 голови.

Инаку интересно е дека по пауза од две децении повторно имаме странец – голгетер во нашата елитна лига. Последен пат тоа беше Љубиша Савиќ од тимот на Слога Ј, значи повторно фудбалер на чаирскиот клуб, кој во сезоната 2002/2003 постигна 23 голови.

После него во два наврати најдобар голгетер беше Стевица Ристиќ (Силекс), но тој зема македонски пасош па затоа не се води како странец.

Што се однесува до головите во една сезона, и натаму рекордер е Саша Ќириќ, кој во првата сезона во ПМФЛ во самостојна Македонија успеа да дојде до бројката од 36 голови.

Бесарт Ибраими е убедливо најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ, а најдобар голгетер бил дури во четири наврати, и сите како играч на Шкендија.

ПретходноПобизарно не може: На стадион дошол со черепот на својот дедо!
СледноАрслановски го освои 8. место на Светскиот куп во куглање за младинци