Познати се двојките за баражите за пласман во ПМФЛ. Ждрепката, која се одржа предмалку, сакаше Воска Спорт за ривал да го има тимот на Тиквеш. Интересно, лани ова време тимот од Охрид беше третолигаш и играше бараж за пласман во ВМФЛ – ЗАПАД, а сега една година подоцна може да се пласира и во нашата фудбалска елита. Овој меч се игра во Прилеп.
Фантастично, затоа велиме дека овој тим може да ја испише својата клупска историја.
Другата двојка е Скопје – Беласица, меч кој се игра во Штип.
Кој ќе биде победник на овие два меча, кои се играат во недела (22 мај), следната сезона ќе игра во ПМФЛ, додека поразените ќе се најдат во единствената Втора лига во следната сезона.