Побизарно не може: На стадион дошол со черепот на својот дедо!

215

Навивач на аргентинскиот клуб Расинг се најде во центарот на вниманието, откако на натпревар на својот омилен клуб го донесол черепот на својот дедо. Извесниот Габриел Аранда, е фотографиран на трибините на стадионот на Расинг за време на полуфиналето од Купот на Аргентина со черепот на неговиот дедо, Валентино Агилера.

Тој откри дека неговиот дедо бил навивач „заколнат на смрт“, а на прашањето како го внесе черепот на стадион, рекол:

„Едноставно, со љубов и верба за Расинг“.

Откако го прашале зошто го направил тоа, одговорот бил: „Затоа што дедо и Расинг се моите единствени љубови“.

ПретходноБарса постави максимална сума која може да ја плати за Левандовски
СледноАдетунџи е “кралот“ на стрелците во ПМФЛ, по пауза од две децении имаме голгетер – странец!