Баражи за ПМФЛ: Воска преку Тиквеш ќе испишува историја, Скопје против Беласица!

615

Познати се двојките за баражите за пласман во ПМФЛ. Ждрепката, која се одржа предмалку, сакаше Воска Спорт за ривал да го има тимот на Тиквеш. Интересно, лани ова време тимот од Охрид беше третолигаш и играше бараж за пласман во ВМФЛ – ЗАПАД, а сега една година подоцна може да се пласира и во нашата фудбалска елита. Овој меч се игра во Прилеп.

Фантастично, затоа велиме дека овој тим може да ја испише својата клупска историја.

Другата двојка е Скопје – Беласица, меч кој се игра во Штип.

Кој ќе биде победник на овие два меча, кои се играат во недела (22 мај), следната сезона ќе игра во ПМФЛ, додека поразените ќе се најдат во единствената Втора лига во следната сезона.

ПретходноМеси го одбра својот нов клуб… не е Барса!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Ренова и Османи ја продолжија соработката