Ван Бронхорст: Ренџерс дојде во Севиља по трофејот

199

Менаџерот на Ренџерс Џован Ван Бронхорст сподели дека тимот е спремен да игра продолженија или пенали ако е потребно во финалето на Лига Европа кое утре (среда, 18.05.) се игра на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља. Противникот на шкотскиот тим е Ајнтрахт Франкфурт.

Горд сум што сум менаџер на овој тим и уште погорд што ќе го предводам во финалето. Ова е огромна шанса да стигнеме до вториот европски трофеј во клупската историја. Ренџерс дојде во Севиља по трофејот. Финалето е прекрасна работа, нормално ако на крајот си заминеш со трофејот, но не е пријатно ако загубиш“, коментира Ван Бронхорст.

Холандскиот тренер откри и дека Кемар Руф заздрави и ќе биде спремен да игра.

„Тој работеше под индивидуален режим. Денеска почна да тренира со тимот и ќе биде во составот. Ќе видам дали ќе го ставам веднаш во првиот тим“, откри Ван Бронхорст.

Ајнтрахт одигра фантастични натпревари против Барселона и Вест Хем и заслужи да игра во финалето. За трофејот ќе се борат два клуба со голема историја и огромна базза на лојални фанови. Атмосферата во екипата е одлична и едвај чекаме да излеземе на теренот. Фановите ќе бидат фактор на овој меч, ќе ги чуете утре“, рече Холанѓанецот.

Ренџерс има еден европски трофеј и тоа во Купот на победниците на Куповите од 1972 година, а играше финале на Купот на УЕФА во 2008 година но тогаш загуби од Зенит.

ПретходноРистовска и ЦСКА заверија финале
СледноTФТ во финишот го совлада Феникс и ја продолжи трката за плеј-офот