Фудбалскиот свет е во исчекување. Денеска би требало, барем според најавите, да се официјализира трансферот на ДЕЦЕНИЈАТА. А тоа е Реал Мадрид и Килијан Мбапе да си кажат „ДА“ и во наредните пет години моментално најдобриот фудбалер во светот да игра во белиот дрес на “кралевите“.
Речиси сите познати новинари, медиуми во Европа, па и тие што се блиски до Реал Мадрид, посочуваат дека денеска е денот „Д“ за двете страни.
Условите се познати, Мбапе во наредните пет години би земал 25 милион евра годишно и тоа нето, како и бонус од 100 милиони евра за потписот. Да не ги заборавме парите од спонзорските договори, од имиџ-правата во однос на дресовите и слично.
Фановите на Реал се во транс, со нетрпение го чекаат моментот кога и конечно ќе падне договор.
Вакво нешто во Реал немало уште кога Кристијано Роналдо направи трансфер од Манчестер Јунајтед на „Сантијаго Бернабеу“.