ЕСПН откри што му понудиле челниците на ПСЖ на Мбапе

470

ПСЖ се откажа од Килијан Мбапе. ЕСПН објави дека францускиот првак ја оечкува и официјалната промоција во дресот на Реал Мадрид. Адвокатите на младиот фудбалер веќе во Мадрид каде треба да договорат детали, но не станува збор за нешто со кое би бил спречен договорот.

Истите извори за ЕСПН тврдеа дека во ПСЖ минатата недела биле убедени дека Мбапе ќе сотане, особено по понудата која стигнала до 23-годишниот фудбалер.

„Му понудија голем договор, му ветија капитенска лета и 100% заработка од прават од маркетинг“.

Но, Мбапе истакнал дека никогаш не било до парите, едноставно сака да игра за Реал Мадрид и на тој начин ќе го исполни својот сон.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а неодамна истакна дека одлуката ќе ја соопшти после 21. мај, кога ќе завршат неговите обврски со клубот.

ПретходноУкрал дрес на Рома, на полицијата и се правдал со Мурињо
СледноКадетките од вториот шешир ќе ја чекаат ждрепката за Мундијалот во Скопје