Ждрепката за баражите денеска во ФФМ: Тиквеш, Скопје, Воска и Беласица во исчекување…

1218

Како што и претходно најавивме, денеска во просториите на ФФМ во 12:30 часот ќе се изврши ждрепката за баражите за пласман во ПМФЛ. Познато е дека во неа ќе учествуваат Тиквеш, Скопје, Беласица и Воска. Можните двојки се Тиквеш – Воска и Скопје – Беласица или Тиквеш – Беласица и Скопје – Воска. Натпреварите се играат во недела (22 мај), а победниците во следната сезона ќе играат во елитната лига на Македонија, додека поразените во единствената Втора лига.

Според нашите информации, овие два меча најверојатно ќе се играат во Прилеп и Штип.

ПретходноСкандалозно: Познат НБА играч пред децата со пиштол и се заканувал на нивната мајка!
СледноДибала ПЛАЧКОТО: Толку ли боли кога си заминуваш од Јуве!?(ВИДЕО)